ЛШ: Манчестер Сити е новиот шампион!

“Малиот” Интер против “големиот” Манчестер сити, вака можеме да ја дефинираме вечерашната борба за трофејот на Лигата на шампионите. Стадионот “Кемал Ататурк” во Истанбул исполнет до последното место. Интер не се исплаши од фаворизираниот противник. Симоне Инзаги даде се од себе да ги забави нападите на Сити. Притисокот на играчите на Интер кои не им дозволија на противниците да се доближат до голот се исплатеше, а првото полувреме помина во надигрувања и не толку опасни напади на двете екипи.

Манчестер сити имаше една добра шанса, преку Ерлинг Халанд во 27-та минута, но Андре Онана го одбрани неговиот удар од 12-тина метри. Двата голмана, Едерсон и Онана, не беа под опасна закана до крајот на првото полувреме.

Во второто полувреме започна жестоко со подинамична игра, а вистинската шанса дојде преку стартот на Барела, што предизвика недоразбирање меѓу Аканџик и Едерсон. Лаутаро Мартинез имаше голема шанса за водство на Интер, но не успеа да го искористи подарокот, бидејќи Едерсон го сопре неговиот удар.

Во 67-та минута, Манчестер Сити успеа да постигне голот за водство преку Родри, откако топката се одби од играч на Интер. Интер се обиде да израмни, но не успеа. Лукаку имаше неколку шанси, но не беше прецизен, а Онана имаше неколку интервенции и го спаси голот.

На крајот, Манчестер Сити го освои трофејот и стана нов шампион. Ова е третата шампионска титула за тренерот Пеп Гвардиола, а прв за Сити.

Слични објави