Според информациите објавени во весникот “L’Equipe”, германскиот тренер Јулијан Нагелсман се очекува да пристигне во Пари Сен Жермен и да ја преземе улогата на главен тренер, откако беше избран како наследник на Кристоф Галтие. Исто така, со него ќе дојде и француската фудбалска легенда Тјери Анри.
Според изворите, Нагелсман и ПСЖ веќе водат напредни преговори и се очекуваат да постигнат комплетен договор во најскоро време. Потоа, Нагелсман ќе седне на тренерската клупа и ќе го изгради тимот, кој ќе доживее сериозна реконструкција поради веќе најавените заминувања на Лионел Меси и Серхио Рамос, а се најавува и заминување на Нејмар.
ПСЖ веќе се договорил со Марко Асенсио од Реал Мадрид и Милан Шкрињар од Интер, кои ќе пристигнат бесплатно. Исто така, се најавува пристигнувањето на францускиот лев бек Лукас Ернандез од Баерн Минхен.
Со доаѓањето на Нагелсман и Анри кој беше помошник тренер во белгиската репрезентација и имаше кратка тренерска кариера во Монако, и плус нови имиња, од ПСЖ очекуваат враќање на победничките патеки.