Валенсија останува во Примера, Ваљадолид, Еспањол и Елче во Секунда!

Во последното коло од Ла Лига, трката за опстанок беше во главен кадар. Три екипи се натпреваруваа за да избегнат зоната за исфрлање во Сегунда Дивисион. За жал на крај Ваљадолид, им се приклучи на Еспањол и Елче во Секунда.

Ваљадолид играше на домашен терен против Гетафе и заврши со нерешен резултат 2-2, што им донесе 40 бода. Неговите конкуренти, Еспањол и Елче, исто така изиграа нерешено.Додека Алмерија успеа да се спаси во 87.-мата минута, кога израмни на 3-3 на гостувањето кај Еспањол, додека Валенсија против Бетис успеа да не ја прекине низата на непрекинати настапи во Ла Лига со резултат 1-1.

Барселона искуси пораз од Селта Виго со 1-2, додека Реал Мадрид играше 1-1 против Атлетик Билбао. Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид ги осигураа своите места во групите на Лигата на шампионите. Виљареал и Бетис ќе играат во Лига Европа, додека Осасуна се квалификуваше за Конференциската лига.

Барселона е шампион со 88 бода, Реал Мадрид е втор со 78, а потоа се екипите на Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад.

Слични објави