Спалети заминува од Наполи, најави одмор!

Лучијано Спалети ја заврши својата соработка со фудбалскиот клуб Наполи, и тоа на голем начин, освојувајќи го Скудетото, титула која беше недостижна за клубот повеќе од три децении.

Под водство на Спалети, Наполи успеа да го освои најважниот трофеј во италијанскиот фудбал, но тоа не беше доволно за премостување на некои разлики меѓу него и претседателот Аурелио Де Лаурентис, поради што се донесе одлука за разделба.

Де Лаурентис имаше неколку изјави по повод оваа ситуација, а сега и Спалети се огласи кратко, откривајќи ги и идните планови за наредната сезона и година.

“Понекогаш, иако со многу љубов, мораш да си заминеш. Сега не сум подготвен да му го дадам на Наполи тоа што го заслужува. Морам да одморам. Се чувствувам уморно. Морам малку да се исклучам. Нема да бидам тренер на Наполи или на било која друга екипа. Ќе се одморам една година,” -порача Спалети.

Слични објави