На АТП листата, Карлос Алкараз, шпанскиот тенисер, останува на првото место со 6.815 бода. На второто место е Данил Медведев од Русија со 6.330 бода, додека на трето место е доскорешниот број 1,Новак Ѓоковиќ.
Каспер Руд од Норвешка е четврти, а Стефанос Циципас од Грција се наоѓа на петтата позиција. Холгер Руне од Данска и Андреј Рубљев од Русија следуваат зад нив.
Тејлор Фриц од САД напредуваше за едно место и сега е осми на АТП листата, додека Јаник Синер од Италија падна на деветтата позиција. Феликс Оже-Алиасим од Канада е десетти на листата.
Калин Ивановски, нашиот најдобар тенисер, забележа пад од шест места и сега се наоѓа на 421. место по поразот на почетокот на турнирот во Скопје.
Следната АТП листа ќе биде објавена по завршувањето на Ролан Гарос на 12 јуни.