Макс Верстапен доминираше на трката во Формула 1 во Монако и лесно ја задржа првата позиција од почетокот до крајот на трката.
Дождот предизвика одредени проблеми и промени во редоследот на трката низ улиците на Монте Карло, но Верстапен со одлично возење искористи предноста во перформансите на Ред Бул болидот.Фернандо Алонсо може да биде задоволен што го задржа второто место од квалификациите, но тимската стратегија го спречи да се бори за првото место. Заминувањето во боксот пред да почне дождот значеше дека мораше да влезе повторно, што го спречи да ја нападне првата позиција на Верстапен. Естебан Окон се пласира на третото место на победничкиот пиедестал, што е трет подиум во неговата Формула 1 кариера со тимот на Алпин.
Возачите на Ферари не беа импресивни на оваа трка. Карлос Саинц направи грешки и заврши на осмото место, додека Шарл Леклер заврши на шестото место, што беше и неговата стартна позиција. Луис Хамилтон и Џорџ Расел остварија солиден резултат за Мерцедес со четврто и петто место. Пјер Гасли заврши на седмото место, додека Ландо Норис и Ланс Строл се пласираа на деветтото и десеттото место.
Во генералниот пласман кај возачите, Верстапен е прв со 144 бодови, додека неговиот клубски колега, Серхио Перез кој денеска финишираше како 16-ти е втор со 105 бодови. а Фернандо Алонсо е трет со 93 бодови.
Веќе следниот викенд се вози трката за Големата награда на Шпанија на патеката „Каталуња“ во Барселона.