Во последните два натпревари од 36-то коло на шпанската фудбалска прва лига, Осасуна во Памплона го победи Атлетик Билбао со 2:0, додека Мајорка со 1:0 беше подобра од Валенсија.
Осасуна поведе во 50-тата минута, кога Анте Будимир со глава погоди под пречката на додавање од Монкајола. Иако голманот на гостите се обиде да ја одбрани топката, успеа само да ја турне во својот горен десен агол. Победата на Осасуна беше потврдена во 77-мата минута со голот на Луакс Торо.
Тимот од Памплона, со 50 бодови, скокна на осмото место и се израмни со Атлетик на седмата позиција, која носи квалификации за Конференциската лига, благодарение на подобрата гол-разлика. За оваа позиција конкурираат и Жирона и Севилја, со по 49 бода, а тимот од Андалузија може дури и да се пласира во Лигата на шампионите, доколку победи во финалето на Лига Европа.
Единствениот гол за победата на Мајорка пред домашната публика беше постигнат од Ведат Муриќи во 64-тата минута.
Мајорка е на десетто место со 47 бода, додека Валенсија со 40 бода остана на 13-то место, со само два бода повеќе од зоната за исфрлање.