Директорот на Ферари, Фредерик Васер изјави дека никој не му понудил договор на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.
Челниците на тимот на Фераи се подготвени да му понудат договор вреден 40 милиони фунти за да биде во нивниот тим од следната сезона, објавија британските медиуми.
Како што вели Фредерик Васер, такво нешто не се случило, иако секоја екипа би сакала да има седумкратен шампион во своите редови.
„Ајде да се пошегуваме и да кажеме дека пред две недели го испративме Карлос Саинз во Ауди, потоа Леклер во Мерцедес и сега Хамилтон во Ферари. Останав сам. Во оваа фаза од сезоната секоја недела слушаме различна приказна, но ние не го побаравме Луис Хамилтон.. Последните 20 години зборувам со Хамилтон речиси секоја недела и не сакам тоа да престане затоа што некој ме брка за изјава“, рече Васер.