БРУТАЛНА ОДМАЗДА: На сред венчавка младоженецот на сите им покажа фотографии како НЕВЕСТАТА ГО ИЗНЕВЕРУВА СО КУМОТ

од Вести365.МК Ј.Р.

Планерите на венчавки Бет и Џорџина од Глостершир разговараа за бизарните свадбени инциденти на подкастот „The Unfiltered Bride“. Откриле шокантна приказна во која е вмешан изневерен младоженец кој на најбрутален начин ја открил аферата на невестата со кумот.

Младоженецот и се одмазди на својата неверна невеста и несигурен кум со тоа што на сите на свадбата им откри дека спиеле заедно за време на неговиот свадбен говор.

Предавството им го најави на сите гости споделувајќи фотографии од невестата „во клинч“ со кумот пред да ја напушти свадбата со целото семејство.

Џорџина изјавила дека неговото семејство цело време знаело, но тој сакал да ја истера венчавката за невестата да мора да ги плати сите трошоци, пишува Дејли мејл.

Во подкастот, Џорџина објави дека има приказна да раскаже.

Не можам да ви кажам кој ми кажа бидејќи не смеам да ја раскажам приказната, но морам, сепак ќе ја кажам. Така, имаше свадба, младенците се венчаа, убава свеченост, дочек со пијачки, седнаа на свадбената трпеза, јадеа храна и почнаа со говорот по оброкот. Младоженецот стана и објави дека допрва пристигнуваат пликови и ги замолил сите да ги отворат и кажа: „да, на тие фотографии невестата и кумот имаат секс, па јас ќе си одам сега…“ Тој го испушти микрофонот, а тој и целото негово семејство, кои знаеле за тоа, си заминаа бидејќи сакаа невестата да ги плати сите трошоци – раскажа Георгина.

Бет потоа праша дали невестата навистина платила за сè.

Семејството на невестата плати за се – и одговорила Георгина.

Кармата е… – додаде Бет.

Слични објави