Училиште за пример – СУГС Владо Тасевски организираше отворен ден за паметење

Многу забава, насмеани и задоволни лица, едукативни презентации и незаборавни моменти под мотото “WeAreTheTeam” го одбележаа отворениот ден во СУГС „Владо Тасевски“ – ПТТ, Скопје кој се одржа вчера во дворот на училиштето.

„Училиште за пример“, „одлична забава“, „ова е дефинитивно мојот избор“, беа само дел од коментарите на присутните младинци на отворениот ден во ПТТ, каде на еден поинаков начин беше претставен тимот на професори, беа презентирани струките и насоките кои претставуваат одлична можност за стручно образование, но и за избор на идна професија.

Забавата беше во рацете на добро познатиот, омилен меѓу младата публика, Пајак.

СУГС „Владо Тасевски“ – ПТТ, Скопје е средно училиште кое преку својот стручен кадар нуди можност за изучување на три струки: сообраќајна, електротехничка и машинска струка. 

Врз основа на концептот за насочено средно образование, ПТТ нуди можност за стекнување на знаење и подготовка на стручен кадар, кој е дефицитарен на пазарот, работоспособен веднаш по завршувањето на средното образование, но и подготвен за продолжување на образованието на некој од техничките факултети.

СУГС „Владо Тасевски“ –  Скопје, нуди можност за дуално образование, вклученост во Eразмус програмата за мобилност, практична настава во високо реномирани компании, имајќи ја предвид остварената соработка со голем дел од нив.

Училиштето е опремено со современа опрема за изведување на наставата, располага со нови простории и инвентар, голема и уредена сала, големо игралиште и теретана со секаква опрема за вежбање.

Вратите на СУГС „Владо Тасевски“ –  Скопје остануваат отворени за сите сегашни и нови ученици, кои сите информации може да ги добијат во училиштето, како и на контактите посочени на веб страната https://sugsvladotasevski.edu.mk/ и на официјалната фејсбук страна https://www.facebook.com/VladoTasevskiPtt.

Слични објави