Арсенал е подготвен да потроши над 200 милиони фунти во летниот преоден рок

од Вести365.МК Ј.Р.

Арсенал ова лето би можел да го сруши рекордот на трошоците за трансфери, објави „Тајмс“.

Лондонскиот премиерлигаш е подготвени да потроши повеќе од 200 милиони фунти.

Главните цели на „Топчиите“ се играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс и играчот од средниот ред на Брајтон, Мојсес Кајседо.

Арсенал е втор во табелата во Премиер лигата со 81 бод по 36 натпревари. Во последниот натпревар лондонци убедливо загубија од Брајтон (0:3).

Речиси цела сезона Арсенал беше лидер на табелата во Премиер лига, но попушти во финишот и сега е само со теоретски шанси да биде подобар од Манчестер сити.

Слични објави