Скандал во Шпанија: фудбалерите на Барселона спасуваа “жива глава”!(Видео)

Фудбалерите на Барселона ја осигураа титула во Примера со победа од 2-4 на гостувањето кај Еспањол во 34-то коло. Меѓутоа, поради локалното ривалство меѓу клубовите, тензијата секогаш постои, дури и кога едните патуваат во Сегунда лига, а другите стануваат прваци.

На навивачите на Еспањол не им се допадна што нивните ривали ја славеа титулата на нивниот терен. Така, дел од ултрасите на домаќинот решија да го прекинат славјето на Барселона. Кога играчите на Барселона пееја „Шампиони, шампиони“, стотина фанови влегоа на теренот и се започна разбивање. Фудбалерите брзо забележаа што се случува и отидоа кон тунелот и кон соблекувалната.

Обезбедувањето не успеа да ги запре хулиганите, меѓутоа, за среќа, не се случи поголем скандал, и играчите безбедно избегаа од теренот.

Слични објави