Реал Мадрид од -18 поени до победа и Ф4!

Реал Мадрид и Барселона ќе играат во Ф4 турнирот на Евролигата, откако „кралевите“ го добија Партизан во драматичен меч.

Партизан имаше предност од 18 поени, но Реал направи голем кам-бек и победи со 98-94. Ветераните Серхио Родригез и Серхио Љуљ беа одлични во кључни моменти на мечот, Родригез реализираше 13 поени во последната четвртина, а Љуљ го следеше со 8 поени и го фрлија Партизан на колена.

Кај гостите од Белград, Кевин Пантер беше најдобар со 28 поени.

Реал ќе игра против Барселона во Ф4, додека Олимпијакос и Монако го сочинуваат вториот пар, откако вечерва екипата на Монако беше подобра во мајсторката од екипата на Макаби од Тел Авив.

Слични објави