63 годишен маж пријавил физички напад од сопругата

од Вести365.МК | Е.Д.

МВР информира дека вчера околу 15 часот и 30 минути полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар од слобода ја лишиле 46-годишната Л.К. од гостиварско село.

Жената била пријавена од нејзиниот 63-годишен сопруг дека претходната вечер физички го нападнала, откако претходно со остар му се заканила и на нивниот син.

Таа била задржана во Полициската станица во Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, соопштија надлежните.

Слични објави