ВИДЕО: Меси го постигна 800от гол во кариерата, ерупција од емоции на „Монументал“

од Вести365.МК | Е.Д.

Аргентинскиот капитен Лионел Меси на синоќешниот натпревар помеѓу Аргентина-Панама го постигна 800от гол во неговата кариера од одиграни 1.039 натпревари. Голот се случи во 84 минута од натпреварот кој се одигра на стадионот „Монументал’ по што следуваше ерупција помеѓу навивачите.

Згора на тоа, во дресот на репрезентацијата дојде до 99 погодоци, така што и следниот ќе биде јубилеен и повод за славје. За Барселона има постигнато 672, а за ПСЖ 29, за вкупно 800.

Дури и да не беа овие поводи, голот беше доволен за еуфорија на трибините, бидејќи беше од слободен удар, а по негов шут од прекин падна и првиот гол, на Алмада, во 78. минута, за водство од 1-0.

Натпреварот го почнаа истите 11 игачи како во финалето со Франција, а Панама беше совладана со 2-0 од планетарните владетели.

Слични објави