Овен
Љубов:
Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот отколку да предизвикате нова љубоморна сцена.
Работа:
Не се залажувајте дека се што ќе слушнете е вистина. Некој може да ве изненади на грд начин и без да ги објасни своите постапки.
Здравје:
Прекумерната грижа лошо влијае на вашата концентрација.
Бик
Љубов:
Нема потреба да очекувате голема нота на емоционално разбирање од личност која е под негативно влијание.
Работа:
Избегнувајте го деловниот ризик на што ве поттикнуваат вашите соработници. Најдобро е да ги прифатите познатите правила и да се заштитите од непријатности.
Здравје:
Бидете воздржани, избегнувајте афективно однесување.
Близнаци
Љубов:
Партнерот се обидува да ви помогне или да ве расположи. Заедничката средба се претвора во „најубавиот дел од реалноста“.
Работа:
Поаѓате од погрешни информации, па вашите прогнози изгледаат неубедливи. Прифатете ја добронамерната критика.
Здравје:
Нема потреба да се оптоварувате со „тешки теми“.
Рак
Љубов:
Избегнувајте нови емотивни провокации, изберете познато друштво или личност која ви е посветена.
Работа:
Вие се залагате за практично и правично решение, но еден од соработниците има скриени намери и упорно се обидува да ви го наметне своето влијание.
Здравје:
Нема потреба да се губи трпението.
Лав
Љубов:
Некој може силно да ги вознемири вашите мисли и чувства. Потрудете се да ги исполните очекувањата на партнерот.
Работа:
Понекогаш се изгледа релативно, потпирајте се на нечии совети и заедничка проценка. Важно е правилно да ги дефинирате вашите цели.
Здравје:
Избегнувајте разни предизвици кои ве оптоваруваат психички.
Девица
Љубов:
Ситуацијата што сакате да ја прикажете или наметнете како добро решение, според нечие мислење, изгледа како „лош избор“.
Работа:
Реалистично погледнете ги вашите можности и трпеливо чекајте ги условите што ви недостасуваат. Некој може да ви обезбеди деловна добивка.
Здравје:
Ќе ви се допаднат некои од техниките за психолошка релаксација.
Вага
Љубов:
Бидете подискретни во различните средби и внимателно проценете ги вашите опции, пред да ја започнете „љубовната искра“.
Работа:
Чувствувате мала стагнација или потреба психички да се ослободите од насобраните обврски. Треба да ангажирате сигурни соработници.
Здравје:
Обрнете внимание на правилната исхрана.
Скорпија
Љубов:
Нов настан или недоразбирање што ве загрижува не остава значителни последици врз односот со саканата личност.
Работа:
Човек кој размислува како вас и има слични деловни интереси нема да ви дозволи да ги постигнете вашите цели.
Здравје:
Поттикнете ги позитивните мисли во себе, опуштете се.
Стрелец
Љубов:
Сакате повеќе емотивно внимание и отстапки отколку што е можно, па вашиот партнер делува вознемирено и мрзоволно.
Работа:
Договорот со една личност ве обврзува на строга дискреција. Важно е да научите добра лекција за деловното однесување.
Здравје:
Избегнувајте неумереност, опуштете се по стресните ситуации.
Јарец
Љубов:
Нема потреба да се однесувате скромно во друштво на саканата личност. Следете ги вашите чувства или „ритамот на срцето“.
Работа:
Наоѓате вистинска смисла или задоволство во различни ситуации кои го разубавуваат вашето расположение и го збогатуваат вашето животно искуство.
Здравје:
Во одлична форма сте.
Водолија
Љубов:
Премногу се грижите без причина, партнерот во моментот не сака да ви ги доверува своите мисли или чувства. Бидете трпеливи и тактични.
Работа:
Без разлика на вашата снаодливост на деловните состаноци, постојат работи кои не одговараат на вашата првична проценка.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови во здрав сон, обрнете внимание на вашите соништа.
Риби
Љубов:
Повнимателно анализирајте го однесувањето на партнерот, има детали кои ги пропуштате. Не игнорирајте нечии зборови или порака.
Работа:
Понекогаш е тешко да се признае личен пораз, но тоа е неизбежно за да се поправи неуспехот во бизнисот. Бидете реални.
Здравје:
Не бидете суетни, намалете ја нервозата.