Напаѓачот на Манчестер Сити, Џек Грилиш и дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе го пропуштат претстојното УЕФА ЕУРО 2024.
Двојката нема да се најде на конечниот список на тренерот Герет Саутгејт, ексклузивно пренесе Би-Би-Си Спорт.
Засега се уште нема официјална потврда на веста.
Според извештаите, Мегваер и Грилиш не се целосно закрепнати од разни здравствени проблеми.