Ќерката на Пол Вокер на мака по разводот: Сопругот и бара пари за децата

од Вести365.МК | М.Т.

Луис Торнтон Алан, сопругот на Медоу Рејн Вокер, ќерка на починатиот актер Пол Вокер, бара поддршка за децата.

Тоа е само дел од неволјата што ја снашла Медоу откако решиле да поднесат барање за развод.

Сопругот се повикува на предбрачниот договор, кој наводно ја дозволува гореспоменатата правна клаузула.

Од друга страна, Медоу не сака сопругот да и биде на грб, туку бара целосна независност.

На 15 февруари, Медоу одлучи да поднесе барање за развод.

Таа ги наведе „непомирливите разлики“ како причина за нивната разделба и откри дека тие имале предбрачен договор склучен на 14 октомври 2021 година, според Мирор.

Тие кон средината на декември минатата година открија дека е време за развод, по две години хармонична љубов.

Ќерката на Пол Вокер, ѕвездата на филмот „Брзите и бесните“, потоа до олтарот ја одвел пријателот на нејзиниот татко, познатиот актер Вин Дизел.

Слични објави