Халанд: Можеме да ја одбраниме титулата во Премиер лигата

од Вести365.МК Ј.Р.

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд верува дека неговиот тим може да ја освои Премиер лигата оваа сезона.

Тој останува оптимист по ремито со Арсенал вчера во дербито на колото.

– Го направивме тоа еднаш и можеме повторно! – напиша Халанд на Инстаграм.

Токму Халанд доби многу критики поради слабото издание на средбата со Арсенал, а Рој Кин неговата игра ја спореди со фудбалер од четрта лига.

Вчера „Граѓаните“ одиграа 0:0 со Арсенал во 30. коло од Премиер лигата. Манчестер Сити е на третото место на табелата со три бода помалку од првопласираниот Ливерпул.

До крајот на англискиот фудбалски шампионатот остануваат уште осум кола. 

Слични објави