Ф1: Ферари со понуда вредна 50 милиони долари, за потписот на Хамилтон!

Тимот на Ферари во Формула 1, според англиските медиуми во понеделникот, му понудил на седумкратниот светски шампион, 38-годишниот Британец Луси Хамилтон, 50 милиони долари за преминот од Мерцедес во „Скудерија“ на крајот од сезоната.

Хамилтон повеќепати изјавуваше дека планира повторно да потпише договор со Мерцедес откако ќе му истече договорот кон крајот на годината. Но британскиот таблоид The Daily Mail во понеделникот извести дека претседателот на Ферари, Џон Елкан, бил “во близок контакт со Хамилтон”.

Во моментов, Хамилтон го дели рекордот на сите времиња со седум титули во Формула 1 со легендарниот возач на Ферари, Германецот Микаел Шумахер.

Во меѓувреме, Мерцедес се бори во првенството да го одржи чекорот со водечкиот Ред Бул и Ферари. Тоа доведе до шпекулации дека Британецот би можел да биде отворен за премин во Ферари, каде што моменталните возачи, младиот Шарл Леклер од Монако и Шпанецот Карлос Саинц, имаат договори до 2024 година.

Италијанскиот тим, наводно, започна преговори за договор со Леклер, но во круговите на Формула 1 се појавија и шпекулации за можна замена на Леклер со Хамилтон во тимот на Мерцедес, додека Саинц би останал како втор возач во тимот на Ферари.

Слични објави