Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор
„Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена.
Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече бела пена. Отровот стигна и до главниот град Скопје.
Со Мицкоски и ВМРО-ОКГ најскапото нешто, здравјето на луѓето е во прашање.
Најосновната животна потреба на граѓаните, за чиста и здрава вода е загрозена.
Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.
Мицкоски ја труе Македонија.
Буквално.
Во вакви околности, на затруени цели градови, болни, со можни извори на зарази, каде граѓаните немаат пристап до чиста и здрава вода, крајно несоодветно, нехумано и неодговорно е да потрошат 5 милиони евра за прослава на независноста со скапи пејачи и артисти.