Трагедија на Светското: Почина член на стручниот штаб на Доминиканската Република

Трагедија се случи на Светското првенство во кошарка. На патот кон дома, по елиминацијата во групната фаза, починал физиотерапевтот на репрезентацијата на Доминиканска Република, Бладимир Регалaдо. Причините за смртта на Регаладо не се познати.

Неговата смрт ја потврдија колегите од стручниот штаб и од организаторот на Мундијалот, а ФИБА веднаш изрази сочувство.

Целиот тим на ФИБА испраќа љубов и сочувство кон тимот на Доминиканската Република, како и кон семејството на Бладимир Регаладо, кој трагично почина на заминување од Светското првенство. Бладимир ќе ни недостига на сите, почивај во мир“, стои во објавата на ФИБА.

Доминиканската Република беше едно од пријатните изненадувања на Светското првенство, но не успеа да се пласира во четврт-финалето.

Слични објави