Трагедија во Кисела Вода: Градежни работници затрупани при ископ на нова зграда

од Вести365.МК Ј.Р.

Голема трагедија се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, во која најмалку тројца градежни работници се затрупани со градежен материјал при ископ и подготовка на терен за изградба на нова зграда.

Според неофицијални информации, тројца градежни работници биле извадени, а еден со потешки повреди е пренесен на скопските клиники.

Немилиот настан се случил зад кафулето „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“. На местото на настанот во моментот има амбулантни возила, полиција, противпожарни екипи…

Слични објави