Секој понеделник наставата во училиштата во Аеродром ќе започнува со македонската химна

 Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст, вели градоначалникот Тимчо Муцунски.

Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција, истакна тој на Фејсбук

Слични објави