Роглич победник на Џиро д’Италија 2023!

Словенечкиот велосипедист Примож Роглич е севкупен победник на Џиро д’Италија 2023, која е една од трите најпопуларни трки во цветот на велосипедизмот. Роглич како овогодишен освојувач на најпознатиот трофеј, трката ја заврши со време од 82 часа 40 минути и 36 секунди, а за една минута и 15 секунди има подобро време од најблискиот конкурент Жоао Алмеида.

За Роглич ова е прв триумф во генералниот пласман на Џирото, а има три триумфи на Вуелта (2019, 2020 и 2021).

Инаку во денешната финалната трка од релито која возеше во Рим победи Марк Кавендиш па така со триумф го заврши своето последно учество на Џиро, затоа што на крајот на сезоната ќе се пензионира. Ова е негов 17-ти триумф на Џиро во седум различни изданија.

Слични објави