Рафаел Надал на секое натпреварување ги повлекуваше гаќите од својот задник, додека гледачите вчудовидено го гледаа: Што навистина се криеше зад овој најневообичаен ритуал

од Вести365.МК Ј.Р.

Познатиот шпански тенисер, кој неодамна објави дека се повлекува од светот на професионалниот тенис, ќе остане запаметен по одличната игра на теренот, но и по неговите чудни ритуали, меѓу кои најчестиот беше допирањето на алиштата односно влечењето на шорцот, којшто светската јавност вчудовидено го набљудуваше. Со оглед на тоа дека Рафаел Надал го правеше тоа на секој меч, луѓето донекаде се навикнаа на таквото однесување, но оваа негова навика никогаш не прерасна во сосем обична глетка.

Популарниот Шпанец, кој на љубителите на тенисот им приредуваше врвни спортски спектакли на теренот, објави зошто го правел тоа на секое натпреварување:

„Секој мора да најде сопствен начин за концентрација. Нема апсолутна формула. Така ви кажува некој кој има многу ритуали. Посакувам да ги немав, не го кријам тоа, но тенисот е така ментално агресивен спорт, така што и најмалите нешта можат лесно да ви го одвлечат вниманието. Јас го правам и можеби не сфаќам зошто, но тоа функционира и ми помага да се концентрирам додека се натпреварувам“, откри тој во едно онлајн разговор за универзитетската клиника во Мадрид.

Експертите коментираат дека ова, во комбинација со другите негови ритуали, спаѓа во опсесивно-компулсивно однесување кое било одбранбениот механизам на Надал, и како што и самиот кажа, негов начин на справување со притисокот во текот на натпреварот.

Оваа необична навика беше поврзана со сервисот на Надал. Кога играше на земјена подлога секогаш пред сервисот ја чистеше линијата. Го повлекуваше шорцот односно долната облека од задникот, а маицата ја повлекуваше нагоре. Го бришеше носот, ја ставаше косата зад левото уво, повторно го допираше носот, а потоа ја ставаше косата зад десното уво. Покрај овие негови невообичаени ритуали, тој исто така има специфични прехранбени навики. Каде и да сум, секогаш барам маслинки или екстра девствено маслиново масло“, откри Надал, пренесе шпанската радио-станица „Копе“.

Познатиот тенисер додаде: „Секое утро за појадок појадувам препечен леб со маслиново масло, а за ручек и вечера најчесто јадам салата или риба, секогаш со малку екстра девствено маслиново масло“. Тоа е неизоставен дел од мојата исхрана. Комбинацијата на урамнотежена исхрана со спортување ве прави подобра личност, прави да се чувствувате подобро“.

Можеби Надал ќе ја смени невообичаената навика во пензија, но веројатно ќе продолжи со здравата исхрана.

Покрај претходно споменатата навика додека играше, Надал имаше и низа други ритуали. На теренот секогаш влегуваше со десната нога. Секогаш го држеше рекетот во левата рака. Столчињата и пешкирите мораа да бидат прави. За време на паузите искористениот пешкир секогаш го ставаше на неговата десна страна и ги бришеше нозете над колениците.

Шишињата секогаш мораа да бидат наредени дијагонално во однос на тенискиот терен.Тој поставуваше две шишиња дијагонално во линија, го земаше првото шише, ќе се напише од него и го вратеше на неговото место, милиметарски прецизно. Потоа го земаше второто шише, пиеше вода од него го враќаше на старата позиција, исто така со совршена прецизност.

Никогаш не ги згазнуваше линиите на теренот (несметајќи ја самата игра). На крајот од паузата тој стануваше по неговите противници, а по фрлањето на паричката со спринт трчаше до основната линија.

Слични објави