Евертон со убедливи 5-1 победи на гостувањето кај Брајтон и излезе од зоната за испаѓање, но е уште далеку од опстанок. Во овој меч, Брајтон беше голем фаворит, но Евертон сепак докажа дека сака да остане во елитата. Докуре постигна два гола во првото полувреме, а Мекнил реализираше двапати во вториот дел, еден погодок беше автогол на Стил. Голот за Брајтон беше дело на Мекалистер.
Со оваа победа, Евертон успеа да излезе од зоната за испаѓање, но се наоѓа само два бода над тие места. Следната нивна препрека е Манчестер Сити во следното коло.
Нотингем Форест славеше со 4-3 против Саутемптон и со ова освои значајни три бода во борбата за опстанок. Домаќините го најавија својот триумф уште од првите минути, кога Авонији постигна два гола во првите три минути. Откако Алцараз намали на 2-1 во 25-тата минута, Нотингем Форест поведе со 3-1 на полувремето преку Гибс-Вајт. Лијанко намали на 3-2 во 51-та минута, но Данило во 73-тата минута ја врати предноста од два гола, а Ворд-Праус постави крајен резултат од 4-3 со гол во 96-тата минута. Нотингем Форест сега ја зазема 16-тата позиција на табелата со 33 освоени бодови, три повеќе од „опасната зона“, додека Саутемптон останува на дното со 24 бодови.

Фулам славеше против Лестер со 5-3 во во првиот денешен меч од Премиерлигата. Вилијан го најави триумфот на Фулам во 10-тата минута, а Карлос Винисиус зголеми на 2-0 само осум минути подоцна. Керни зголеми на 3-0 пред крајот на првото полувреме, а потоа во 49-тата минута постигна и четврти гол за домаќините. Лестер успеа да се врати во играта во 59-тата минута преку Барнс, но Варди промаши пенал само неколку минути подоцна. Фулам го казни Лестер во 70-тата минута со уште еден гол на Вилијан за убедливи 5-1. Медисон и Барнс успеа да го ублажат поразот за Лестер со головите во последните минути, но крајниот резултат беше 5-3 во корист на Фулам.