Почна новата сезона во НБА-лигата

од Вести365.МК Ј.Р.
  • Со два натпревара одиграни ноќта вторник кон среда почна сезоната 2024/25 во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.
  • Бранителот на трофејот, тимот на Бостон селтикс забележа убедлив триумф над Њујорк никс со 132:109. Џејсон Тејтум со 37 поени и 10 асистенции ги предводеше домаќините до првиот триумф.
  • На другиот натпревар, Лос Анџелес лејкерс ја совлада Минесота тимбервулвс со 110:103. Ентони Дејвис се истакна во победничкиот состав со дабл-дабл учинок (36 поени и 16 скокови).
  • Во тимот на Лејкерс, 39-годишниот Леброн Џејмс и неговиот 20-годишен син Брони Џејмс се појавија на теренот заедно во втората четвртина и станаа првото дуо татко-син во историјата на НБА

Слични објави