Перез: Почетокот на новото време; Барселона: Отворен е патот за ново натпреварување

Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, ја објави одлуката на Европскиот суд на правдата во врска со европската Суперлига.

Судот пресуди дека УЕФА и ФИФА незаконски го блокирале формирањето на ова натпреварување зад кое освен Реал, се уште стои и Барселона.

„Со големо задоволство ја поздравивме одлуката на Европскиот суд на правдата. Во наредните денови внимателно ќе ги проучуваме последиците од ова, кое според нас е од големо историско значење. Европскиот фудбал никогаш нема да биде монопол и од денес клубовите ќе бидат господари на својата судбина. Се гледаме како способни да ги промовираме натпреварите што ги сакаме. Европа на слободата триумфираше“, рече Перез.

Во соопштението понатаму се додава:

„Преовладаа правото, разумот и слободата. Пред 70 години направивме огромен чекор со создавањето на Купот на шампионите и сега имаме должност да му дадеме на фудбалот она што му треба. Тој ќе биде отворен за сите, ќе наметнува спортски правила и ќе го почитува Финансискиот фер плеј. Пред сè, ќе ги заштити играчите и ќе ги возбуди навивачите ширум светот. Никој не рече дека рушењето на монополот ќе биде лесно. Имаме можност да владееме транспарентно, да коегзистираме со новите технологии“.

„Ние сме на почеток на нова ера, ќе можеме да работиме слободно, без закани, со цел воведување иновации и подобрување на фудбалот. Од денес сегашноста и иднината конечно се во рацете на клубовите и навивачите. Нашата судбина ни припаѓа нам и имаме голема одговорност. Ова е голем ден за историјата на фудбалот“, изјави претседателот на Реал.

Во исто време се огласи и Барселона.

„Барселона го изразува своето задоволство од одлуката на Европскиот суд на правдата во која беше прифатен проектот Суперлига предложен од компанијата А 22. Како еден од субјектите во промоцијата на Супер лигата, Барселона смета дека одлуката го отвора патот за ново фудбалско натпреварување на високо ниво во Европа кое му пркоси на монополот во светскиот фудбал, со желба да се понуди дијалоген предлог каков треба да биде европскиот натпреварувачки модел во иднина“, велат од Барселона.

Слични објави