Откриени нови детали за состојбата на Брус Вилис

од Вести365.МК | М.Т.

На познатиот холивудски актер Брус Вилис (68) во февруари минатата година му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција. Една година пред тоа беше откриено дека има афазија – нарушување на говорот.

Поради болест мораше да се откаже од актерството, при што целосно се повлече од јавноста.

Познатиот актер е цело време опкружен со членови на семејството, а неговата сопруга Ема Хеминг Вилис често открива како се чувствува Вилис.

Сега, за „Sunday Paper“, блогот на Марија Шрајвер, поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер, таа раскажа како Брус ги поминува деновите.

„Се борам со грижа на совест, бидејќи знам дека имам ресурси што другите ги немаат. Кога имам можност да одам на прошетка за да си ја расчистам главата, размислувам како тоа не можат сите партнери кои се грижат за некој што е болен. Кога нешто што го споделувам привлекува медиумско внимание, знам дека има илјадници нераскажани приказни од кои секоја заслужува сочувство и грижа“, рекла таа.

Таа додала дека нашла смисла во споделувањето на нивната приказна, за која се надева дека некому ќе му помогне.

„Гледам дека она што го споделувам е важно за другите кои можеби се мачат, а на мал начин тоа ги прави да се чувствуваат видено и разбрано“, вели сопругата на Брус Вилис.

Неговиот пријател Глен Гордон Карон претходно открил дека на актерот не му е добро.

„Мислам дека знае кој сум јас само во првите неколку минути од нашиот разговор. Не зборува повеќе, читаше страсно, но сега се откажа и од тоа. Сите тие вештини веќе не му се достапни. Кога сте со него, знаете дека тоа е Брус и благодарни сте што е таму, но повеќе нема радост во него“, рекол тој.

Слични објави