Осимен може да дојде во Ливерпул како замена за Салах

од Вести365.МК Ј.Р.

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен може да ја продолжи кариерата во Ливерпул.

Според „Mirror“, англискиот клуб во 24-годишниот Нигериец гледа соодветна замена за Мохамед Салах, кој може да го напушти тимот.

Во тековната сезона, Осимен одигра 10 натпревари на кои постигна шест гола и една асистенција.

Осимен кој беше еден од најзаслужните за минатогодишната шампионска титула на Наполи, не е во најдобри односи со тренерот на италијанскиот клуб Руди Гарсија.

Слични објави