Српскиот адвокат, Радиша Роскиќ, во гостување на утринската програма на телевизија „Курир.рс“ истакна ддека обдукцијата ќе открие многу детали за тоа што се случило.
„Обдукцијата е еден од најважните сегменти во овие ситуации и може да укаже на многу. Нејзината цел е да ја утврди причината за смртта и дека смртта била насилна. Потоа да се утврди, ако е можно, со кое оружје е извршено и дали има дополнителни болести кои ги имал убиениот. Во овој случај мотивот не е познат, но можеме да претпоставиме за што се работи – посочи Радосављевиќ.
Главниот осомничен Љупчо Палевски беше фатен при бегство во Турција и се чека да биде екстрадиран во земјава.
Претходно одредени беа по 30 дена притвор на четворицата осомничени за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, по синоќешниот распит во Основниот кривичен суд Скопје. Меѓу нив е и таткото на Вања, Александар Ѓоревски, кого обвинителството го сомничи за помагање, односно дека дал информации за движењето на детето.
Информацијата за определниот притвор ја потврдија од Јавното обвинителство, на чие барање се одредени притворите.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на која меѓу другото соопшти дека за случајот со убиствата е поднесена кривична пријава која е на повеќе од 100 страници, од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против петтемина осомничени.
Шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, веќе изјави дека тројца од осомничените веќе го признале делото. Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, според тоа што го има јавно соопштено истрагата, засега не признава дека го сторил делото за кое е осомничен. Првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо кој беше во бегство, дури по екстрадицијата ќе има можност да се изјасни по делата за кои се сомничи.
На него судот веќе му определи мерка притвор, која ќе се активира веднаш откако ќе биде донесен во земјава.