Никотински фластери и гуми за џвакање — Алиу најави нови мерки за одвикнување од пушењето

од Вести365.МК Ј.Р.

Министерот за здравство Азир Алиу најави нови активности за зајакнување на системот за поддршка на граѓаните кои сакаат да се откажат од пушењето. Тој на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден без тутун, рече дека годинашното мото е насочено кон разоткривање на привлечноста и зависноста од никотин и тутун.

„Целта е поголема достапност на советувањето за откажување од пушење, зајакнување на системот за упатување и континуирана поддршка за граѓаните, со посебен фокус на младата популација“, истакна Алиу.

Тој додаде дека Министерството ја ажурирало есенцијалната листа на лекови, при што за првпат биле вклучени средства за одвикнување од пушење, како никотински фластери и никотински гуми за џвакање. Според него, целта е овие производи да станат подостапни за граѓаните, но и да бидат препознаени како дел од системската поддршка за намалување на зависноста од тутун.

Алиу најави и нов предлог-закон за заштита од употреба на тутунски и сродни производи, кој ќе биде усогласен со европските стандарди и регулативи, со цел долгорочно унапредување на јавното здравје.

Слични објави