Нашите тенисерки, убедливи против Азербејџан!

Македонската женска тениска репрезентација го забележа вториот триумф во Третата Европска зона од Били Џин Кинг Купот што се игра во Скопје.

По вчерашната сигурна победа над Албанија од 3-0, денеска повторно со истиот резултат, и со сигурна и доминатна игра, беше решена селекцијата на Азербејџан и во овие дуели за нашата репрезентација не настапи нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа.

Најпрво Александра Симева славеше со убедливи 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-1 против Улвија Сулејманова и донесе водство за Македонија, по што нов триумф запиша Магдалена Стоилковска со 2-0 во сетови (6-0 и 6-0) против Лала Еивазова. За потоа повторно без загубен гејм во дуелот во двојки, младите Ива Данева и Ана Митевска со 6-0 и 6-0 ги совладаат Лила Еивазова и Улвија Сулејманова, за конечни 3:0. Овој меч траеше само 31 минута.

Утре во третото коло Македонија, ја чека потежок дуел, каде го пречекуваме првиот носител во нашата група, селекцијата на Финска.

Слични објави