Дваесет и шестгодишен британски турист починал денеска откако бил погоден од гром. додека пливале за време на невреме со грмотевици во Агиа Агати на источниот дел на Родос.
Трагичниот инцидент се случил нешто пред 14 часот, а екипите на итната помош кои излегле на местото на настанот се бореле да го одржат во живот младото момче додека го префрлале во болница, објави грчкиот весник Екатимерини.
Тој итно бил пренесен во Здравствениот дом Архангелос, каде медицинскиот персонал продолжил со напорите да го реанимира, но се покажало дека е предоцна.
Туристот, кој летувал на грчки остров, решил да остане во вода и откако почнал силен дожд и покрај советите на другите капачи да излезе.
Инцидентот ќе го истражува крајбрежната стража на Родос.