Манчестер сити со трофеј ја отвори новата сезона

од Вести365.МК Ј.Р.

Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија Комјунити Шилд, англискиот Суперкуп, откако вечерва на Вембли го совладаа Манчестер Јунајтед на пенали со 8-7 (1-1).

Непрецизни во пенал серијата во редовите на Манчестер Јунајтед беа Санчо и Еванс, додека кај Сити само Бернардо Силва не постигна гол од белата точка.

За Манчестер Сити ова е седмиот англиски Суперкуп во историјата, додека Манчестер Јунајтед сè уште е рекордер со 21 титула во Комјунити Шилд.

Манчестер Јунајтед поведе во 82. Минута преку Гарначо, а Манчестер Сити израмни во 89. Минута со голот на Бернардо Силва. 

Слични објави