Килијан Марфи повторно во улогата на Томи Шелби: Се снима филм кој ќе стави крај на „Peaky Blinders“

од Вести365.МК | М.Т.

Стивен Најт, креаторот на светски познатата серија „Peaky Blinders“, најави дека Килијан Марфи ќе се врати во главната улога во филмот кој ќе ја заокружи приказната за бандата од Бирмингем.

Најт изјави дека снимањето ќе започне во септември оваа година, пренесува Variety.

Марфи, кој во последниве месеци го промовираше филмот „Опенхајмер“ за кој доби Оскар за најдобар главен актер, често во интервјуата споменува дека би сакал да му се врати на Томи Шелби.

„Ако остане уште повеќе од таа приказна, би сакал да го направам тоа. Но мора да биде точно. Стив Најт напиша 36 часа телевизија и тргнавме на високо ниво. Навистина сум горд на последната сезона. Мора да се оправда и легитимно е да се снима повеќе“, изјави актерот за Ролинг Стоун минатата година.

Тој пред освојување на наградата Оскар изјави и дека „секогаш ќе биде таму“ да снима филмови и серии според сценариото на Најт, бидејќи „тој е толку феноменален писател“.

„Ако сакаме да го гледаме 50-годишниот Томи Шелби, јас ќе бидам таму. Ајде да го направиме тоа”, изјави Марфи за Irish Star.

Слични објави