Антикорупционерите не можат да проверат како комшијата на вицепремиерот Артан Груби, го купил „аудито“ кое беше запалено. Тие посочуваат дека пет години го бараат Законот за потекло на имот, кој ако сега беше донесен, ќе можеше да се види со кои средства и на кој начин е стекнат автомобилот. Претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска, за „Макфакс“ посочува: „Апсолутно не можеме ништо да направиме“.
„Уште еднаш се потврдува фактот дека Закон за потекло на имот е многу неопходен. Како ние да утврдиме и што да утврдиме? Ништо не можеме да утврдиме. Ние може да утврдиме тоа што е на негово име. Тоа што не е на негово име, што можеме да му правиме? Ништо. Затоа 4-5 години го бараме тој Закон за потекло на имот за секој граѓанин. На пример, да важеше таков закон, комшијата ќе требаше да каже од кај му е ‘аудито’. Сега во случајот, од МВР кажуваат дека не е на негово име и што можеме ние да направиме? Ние правиме верификација на податоците кои ги доставуваат во анкетниот лист и ги проверуваме со тоа што имаат пријавено во институциите. Така што, апсолутно не можеме ништо да направиме“, вели Ивановска за „Макфакс“