Реал Мадрид е новиот шампион во кошаркарската Евролига откако „кралевите“ славеа со 78-79 во големото финале против Олимпијакос. Екипата на Олимпијакос има за што да жали бидејќи во подолг период го контролираше резултатот, но на крајот сепак мораа со наведнати глави да го напуштат теренот.
Финалето почна со тројки на Кенан и Ндаје, но Олимпијакос беше подобар во првата четвртина. Олимпијакос имаше двоцифрено водство во првиот период, но Реал истото го намали на 24-17 пред крајот на четвртината.
Зоната на Реал им донесе предност на почетокот од втората четвртина. Реал ја превзема водечката позиција (29-31) и продолжи да доминира. Но сепак на полувремето, резултатот беше израмнет на 45-45.
Во третата четвртина, Олимпијакос повторноуспеа да поведе (57-52), но Реал успеа да се врати и влегува во последната четвртина со резултатот 63-59 во корист на Олимпијакос.
Во последната четвртина, Реал се бори и успева да се приближи на пола кош разлика 78-77. За потоа, на сцена да стапи Серхио Љуљ кој погодува шут за три поени и конечна победа, на само три секунди до крајот, давајќи водство од 78-79 за Реал. Олимпијакос имаа можност да победат, но не успеваат, и Реал е на врвот на Европската лига на шампиони.
