Да се укине жирито на Евровизија, се покрена петиција – Финска ќе победеше без него

Овогодинешната „Евровизија“ се одржа во Велика Британија, а победата во големото финале ја освои Лорин од Шведска, со песната „Tattoo“.

Ова е втор евровизиски триумф на Лорин, откако го освои првото место со „Euphoria“ во 2012 година.

„Евровизија“ заврши пред два дена, но страстите се уште не стивнуваат, а најголемата полемика е околу гласањето. Обожавателите ширум светот сметаат дека стручното жири од кое таа доби 340 поени и помогнало на Швеѓанката да победи и така ја доведоа до тронот. Жирито од дури 15 земји и додели најголем број поени на Лорин, додека кога се работеше за публиката беше сосема поинаква ситуација. Имено, таа не доби 12 поени од публиката од ниту една земја.

Евентуално фаворизирање кон шведската претставничка, како поранешен победник, иницираше и петиција за укинување на стручното жири на претстојната „Евровизија“ при гласањето, на кое досега се потпишале над 10.000 луѓе.

 Кариа од Финска, чија победа многумина ја посакуваа, од жирито доби „само“ 150 поени. Публиката му даде дури 376 поени, додека Лорин доби многу помалку, 243 поени од публиката, со што стана апсолутен миленик на публиката.

Со оглед на тоа што јавноста, особено минатата година, ја доведе во прашање најдобрата песна, кога победи Украина, во петицијата сега се наведува причината поради која се сака да се укине жирито. Беше посочено дека петицијата е покрената поради гласовите што жирито и ги додели на Шведска на годинешната „Евровизија“, кои не се во согласност, како што пишуваат, со поширокото јавно мислење.

Слични објави