Дамева бара одговорност за настаните во Судскиот совет

Поранешната претседателка на Судскиот совет за АЛСАТ вели дека мора да има одговорност за настаните од последните неколку дена во Советот. Таа вели дека и покрај тоа што повеќе не е на чело на ова тело, ќе прави се од позиција на член да ги демаскира корумпираните судиите и оние што ги штитат. Дамева рече дека ќе биде посветена, макар и ако тоа ја чинела целосно разрешување од овој совет.

„Останувам на мојата изјава што ја дадов на денот на мојот избор за прв човек на Судскиот совет дека во судовите нема место за корумпирани судии. Нема да се повлечам од оваа цел и токму затоа ќе продолжам да бидам член на Судскиот совет, додека не се обидат да ме „отстранат“ и од таа функција. За корумпираните судии нема компромис“, вели Дамева.

На прашањето на АЛСАТ за одговорноста за настаните што се случија во ова тело, а кои многу познавачи на оваа област ги оценија за уште посериозен удар во губењето на довербата во судството, Дамева рече дека одговорност мора да има. Таа го коментираше и исклучувањето на медиумите и криењето на Судскиот совет од јавноста.

„Одговорност за постапување и носење одлуки на незаконски начин дефинитивно мора да има. И покрај јавниот интерес, Судскиот совет одлучи да ја исклучи јавноста, ускратувајќи и го правото да знае што се случува зад затворени врати во оваа многу важна институција која треба да се грижи за независно судство. Пред да ја напуштам просторијата за да учествувам во понатамошната постапка, јасно ставив до знаење дека јавноста не треба да биде исклучена. Чиј интерес се штитеше зад затворени врати?“, додава Дамева.

Слични објави