Дали е возможно фантастично трио, во Далас?

Според американските медиуми, Кајри Ирвинг планира да искористи своето пријателство со Леброн Џејмс за да го привлече во Далас Маверикс. Ова би создало нов конкурент на Западот, каде што Лука Дончиќ веќе е суперталентираниот играч во тимот.

Ирвинг и Џејмс веќе имаа успешна соработка во минатото кога заедно беа дел од Кливленд и освоија титула против Голден Стејт. Тие беа дел од фантастичната финална серија во 2016 година, во која Кливленд успеа да се врати од негатива од 3-1 и да освои титула.

Според информациите, Џејмс е отворен за идејата да се приклучи на Далас каде има и реална шанса да го освои петтиот прстен, во својата кариера.

Меѓутоа, за да се оствари ова трио Леброн-Ирвинг-Дончиќ, тројцата ќе треба да прифатат значително намалување на платите. Ирвинг е слободен играч, додека Џејмс има уште една сезона од договорот со Лејкерс во која треба да заработи околу 47 милиони долари, со опција за продолжување на соработката и во сезоната 2024/25 за 50.6 милиони долари.

Слични објави