Во пожарот кај Визбегово горат стари коли на приватен имот

од Вести365.МК Ј.Р.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека во тек е интервенција за гаснење на пожарот кој денес избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде, како што вели, запален е приватен имот на кој биле складирани стари автомобили. Претходно, како што потврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, беше објавено дека станува збор за пожар на отпадот во Шуто Оризари.

Скопската противпожарна бригада на Град Скопје веднаш е излезена на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети активно дејствува во справување со пожарот, вели Ѓорѓиевски.

„Паралелно, на терен се и инспекторите на Град Скопје, а за случајот се информирани Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, како и Јавното обвинителство. Апелираме до граѓаните за смиреност, внимателност и почитување на насоките на надлежните служби. Состојбата се следи внимателно, а институциите постапуваат координирано, со цел пожарот да биде ставен под контрола, да се заштитат граѓаните и да се утврди одговорност за настанатата состојба“ напиша Ѓориевски на Фејсбук.

Тој нагласи дека Градот Скопје нема да дозволи неодговорното однесување и создавањето диви депонии да го загрозуваат здравјето на граѓаните и животната средина.

„Секој што го загрозува јавниот интерес, мора да сноси одговорност!“ посочи градоначалникот на Скопје.

Слични објави