Изминативе денови повторно граѓани започнаа да добиваат сомнителни пораки за регистриран прекршок од системот „Безбеден град“, проследена со линк за наводна проверка и плаќање на фиктивната казна.
Како и пред пуштањето во употреба на системот „Безбеден град“, кога се појавија огромен број случаи на граѓани кои добиваа лажни пораки за сообраќаен прекршок, така и сега се работи за фишинг-измама, која има за цел да го наведе примателот на пораката да кликне на линкот и да внесе лични податоци или банкарски информации.

Ваква порака за сторен прекршок добила и скопјанка која сè уште го нема положено возачкиот испит, ниту пак досега возела автомобил во сообраќајот.
Претходно, слични случаи за измама и забуна кај скопјани имаше во јануари и во март.