ВМРО-ДПМНЕ: Јагео не е нова инвестиција, туку проширување, фирмата-ќерка Кемет електроник ја донесовме ние

од Вести365.МК Ј.Р.

Поздравуваме што во Македонија ќе се отвораат нови работни места во ТИРЗ преку инвестиции како Јагео, која е присутна преку Кемет електроникс, инвестиција која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, реагираше опозициската партија на прес-конференцијата на СДСМ.

– Јагео е присутна во Македонија преку Кемет електроникс, фирма-ќерка која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не е нова инвестиција, туку проширување. Кемет електроникс е фирма која дојде во Македонија благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Јагео е фирма мајка на Кемет електроникс. Позитивната работа во Македонија на Кемет ја донесе Јагео во Македонија, а не СДС. Жалиме што СДС не успеа да донесе ниту една инвестиција за да се отворат уште повеќе работни места. Сè што е поврзано со странски директни инвестиции, ТИРЗ, како законски регулативи и инфраструктура е направено во време на ВМРО-ДПМНЕ, затоа е и фрустрацијата кај СДС. СДС нема капацитет за осмислување на законски рамки и воспоставување на институционална инфраструктура за СДИ, како што тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ. Сè што требаше да направи СДС е да продолжи да управува со институциите кои се направија во време на ВМРО-ДПМНЕ и да ги собира плодовите од инвестициите кои дојдоа во време на ВМРО-ДПМНЕ во форма на даноци во буџетот – соопшти партијата.

Слични објави