Владата донесе одлука за награда од 3 милиони денари за кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското

На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство.

Оваа “златна” генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција, соопшти премиерот Мицкоски.

Слични објави