Варди го продолжи договорот со Лестер

од Вести365.МК Ј.Р.

Фудбалерот на Лестер, Џејми Варди денеска потпиша нов едногодишен договор со клубот од Премиер лигата.

Поранешниот англиски репрезентативец Варди го носи дресот на Лестер од 2012 година и на 464 натпревари постигна 190 голови.

Триесетиседумгодишниот напаѓач ја освои Премиер лигата со Лестер во сезоната 2015/16, како и ФА Купот, Комјунити Шилд, како и две титули во Чемпионшип, вклучувајќи го и враќањето во Премиер лигата изминатата сезона.

„Се радуваме на уште една сезона во Премиер лигата која е пред нас, за да видиме што можеме да направиме. Тоа е најдобрата лига во светот, таму сакате да играте“, рече Варди. 

Слични објави