Бериша: Срамна е изјавата на Рама

Претседателот на опозициската албанска Демократска партија, Сали Бериша, остро ја критикуваше изјавата на премиерот на Аланија  Еди Рама на Самитот во Блед во Словенија. За поранешниот премиер Бериша, изјавата на актуелниот премиер Рама дека „ако се земе како основа борбата за членство на Украина во ЕУ, балканските земји се подготвени да се напаѓаат“, е дрска и срамна изјава.

Украинците со својата крв, херојство и жртви го потпишаа кандидатскиот статус на својата земја во ЕУ. Додека Еди Рама го воспостави во Албанија првиот и единствен нарко-државен режим во Европа, со кој ги принуди Албанците да ја напуштат Албанија повеќе отколку што заминаа Украинците од руските бомбардирања“, пишува меѓу другото Бериша.

Инаку, на панел дискусијата во рамки на Бледскиот стратешки форум, на која учестуваа македонскиот премиер Димитар Ковачевски и премиерите од Западен Балкан, плус Хрватска и Бугарија, Еди Рама раскажа и две шеги, а меѓу присутните, и споредбите за кои говори Бериша, беа разбрани како шега. Рама рече дека земјите кандидати за ЕУ од Западен Балкан, поради кандидатурата на Украина, стравуваат да не бидат претркани, па рече: „Си велев кој кого сега ќе нападне на панел дискусијата, Бугарија Северна Македонија, Хрватска Србија, Србија Косово, БиХ самата себе, Грција Албанија, а Црна Гора ќе се излежува на плажа“.

За бугарската новинска агенција БГНЕС изјавата на Рама е шокантна зашто ја споредува Бугарија со агресорска Русија, а во нов текст за агенцијата изјава даде македонскиот публицист Ким Мехмети кој за Рама рече дека е „заколнат Србин“.

Слични објави