Арапите му нудат на Меси 1,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА!

од Вести365.МК Ј.Р.

Ал Хилал од Ријад на играчот на Пари Сен Жермен и аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси му понуди двегодишен договор вреден 1,2 милијарди евра.

Таткото и менаџер на аргентинскиот фудбалер Хорхе Меси наводно се договорил за сите услови од договорот, пренесува Футмеркато.

„Првиот избор на Меси е да се врати во Барселона, но каталонскиот клуб не може да го ангажира поради тешката финансиска ситуација. Затоа Меси се сврте кон Саудиска Арабија. Неговиот татко Хорхе веќе ја прифати понудата на Ал Хилал“, наведува Футмеркато.

Француските медиуми пренесуваат дека челниците на клубот од Ријад се договориле за трансферот на Серхио Бускетс, а притоа преговарале и со Џорди Алба.

Меси пред неколку недели беше во Саудиска Арабија, но тогаш изјави дека не преговарал со Ал Хилал, туку дека извршува амбасадорска должност. Аргентинскиот фудбалер е спортски амбасадор на Саудиска Арабија.

Меси во ПСЖ пристигна во 2021 година од Барселона, а со клубот од Париз има договор до 30 јуни оваа година.

Слични објави