Ал-Хилал заинтересиран за Навас

од Вести365.МК Ј.Р.

За голманот на Пари Сен-Жермен, Кејлор Навас, интерес покажува Ал-Хилал. 

Триесет и шестгодишниот Костариканец минатата сезона ја мина на позајмица во англискиот клуб Нотингем Форест. 

Во парискиот клуб Навас сега е со статус на трет голман – по Џанлуиџи Донарума и Арнау Тенас. 

Навас има уште една година од договорот со ПСЖ. Претходно беше објавено дека клубот е заинтересиран да го продаде, како и другите позајмени играчи. 

Ал-Хилал веќе го купи Нејмар од Пари Сен-Жермен ова лето и е заинтересиран за уште еден фудбалер на парижаните, Марко Верати. 

Слични објави